По прет пропуштени натпревари поради повреда на скочниот зглоб, Никола Јокиќ на најдобар може начин се врати на теренот.
Србинот, оствари трипл-дабл во победата на Денвер Нагетс со 127-117 против Милвоки Бакс.
Јокиќ кој е актуелен МВП и еден од главите конкуренти и годинава за ова признание, го оствари 30-тиот троен ефект сезонава. Популарниот „Џокер“ натпреварот го заврши со 39 поени на кои додаде по 10 скока и асистенции .
Мајкл Портер Џуниор додаде 23 поени за победничката екипа. Кај Милвоки, во отсуство на Јанис Антетокумпо и Демјан Лилард, прв стрелец беше Брук Лопез со 26 поени.
 
             
		