Четири натпревари вечерва се играа во рамките на 32.коло на кошаркарската Евролига.
Од македонските репрезентативци, денеска повеќе од скромен настап имаше Ненад Димитријевиќ. Тој мина само 101 секунда на теренот во Милано, каде „манекените“ на Армани загубија од Барселона со 88-98.
На дуелот во Минхен, Баерн во интересен дуел го победи белградски Партизан со 89-74.
Дербито се одигра во Атина каде кај лидерот на табелата Олимпијакос гостуваше четврто пласираниот тим на Монако. Грчката екипа пред своите навивачи, во неизвесен натпревар, претрпе пораз со 77-80
И втората француска екипа која настапи вечерва, Лион Вилербан забележа победа. До со 13-тиот триумф Вилербан стигна со конечни 88-79 во дуелот со литванскиот Жалгирис.
      Standings provided by Sofascore
    
     
             
		