Фудбалерите на Барселона продолжуваат со одличните игри во шпанската Ла Лига. Вечерва во заостанат натпревар од 27.коло, Барселона пред своите навивачи ја надигра Осасуна со 3-0.
Гостите од Панмплона може да бидат и среќни што од „Монжуик“ си заминаа само со три гола во својата мрежа.
Уште во 11.минута, Феран Торес најави дека Барселона не размислува за ништо друго, освен за трите бода и победа. Веќе во 22 минута, Дани Олмо од пенал зголеми на 2-0.
Голем број на шанси пропуштија фудбалерите на Баса да ја зголемат предноста. Конечно тоа се случи во 77.минута кога Роберт Левандовски погоди за 3-0.
Со оваа победа, Барселона сега има 63 бодови, три повеќе од Реал, а седум од трето пласираниот Атлетико.





































