Со двата натпревари одиграни попладнево комплетирано е 18.коло во Втората македонска кошаркарска лига.
Дуелите во Скопје, завршија со по една победа на гостите и домаќините. Предноста на домашниот терен ја искористија младите аеродромци. Тимот на МЗТ Скопје УБ славеше во дуелот со Ангели. Со оваа победа аеродромци се пробија на петтото место на табелата. Тимот на Ангели е второ пласиран со бод помалку од водечкиот состав на Маџари, а исто како трето пласираниот Соколи.
Претходно очекувана победа на гостински терен кај Работнички, кој е последен на табелата, славеше тимот на Охрид. Ова беше важна победа за Охрид кој сега е на 8.место на табелата, последно што води во плеј-офот.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 18.КОЛО 15 МАРТ
Денеска
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ 63-50
РАБОТНИЧКИ 2018 – ОХРИД 78-89
Претходно одиграни
СОКОЛИ – СТРУМИЦА ФМП 80-53
БУТЕЛ – БОРЕЦ БАСКЕТ 73-56
ВОДНО САНС – МАЏАРИ 82-101
ЦРН ДРИМ – МЕГА БАСКЕТ 64-62
ТАБЕЛА: Маџари 33 бодови, Ангели 32, Соколи 32, Црн Дрим 29, МЗТ Скопје У.Б. 28, Бутел 27, Борец баскет 27, Охрид 25, Мега баскет 25, Водно Санс 24, Струмица ФМП 22, Работнички 2018 20.




































