Во деветтото коло од плеј-офот во женската Супер лига, екипата на Куманово на домашен терен го пречека Ѓорче Петров. Шампионот и лидер на табелата, Ѓорче Петров се измачи, но го доби дуелот протов Куманово со 29:27.
Домашните ракометарки подобро го отворија натпреварот, стекнувајќи предност од 4:2 во 6-тата минута. Куманово успешно ја одржуваше оваа разлика сè до 13-тата минута, кога Ѓорче Петров успеа да израмни на 7:7.
Следеше неизвесен период во кој се играше гол за гол. Куманово неколкупати успеа да поведе, но гостинската екипа брзо израснуваше. На полувреме резултатот беше 15:14 за кумановки.
Второто полувреме започна на ист начин како и првото – со жестока борба за секоја топка и голема неизвесност. Во 43-тата минута, екипата на Ѓорче Петров за првпат успеа да поведе со 21:19, внесувајќи дополнителна драматичност во натпреварот. Сепак, Куманово не се предаде и успеа да израмни на 23:23. Двете екипи наизменично создаваа минимална предност, но ниту една не успеа да ја задржи подолго. Во 26-тата минута, Ѓорче Петров повторно поведе со 27:25, а во неизвесната завршница ја сочува предноста. Натпреварот заврши со конечен резултат 29:27.
Денеска победи остварија и Вардар над Астибо, односно во дербито Металург Автокоманда лесно славеше над Чаир.
Натпреварите во женската Супер лига (плеј-оф) продолжуваат веќе во петок.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 10.КОЛО
Петок / 28 март
20.00 ЧАИР – ВАРДАР
Недела / 30 март
12.00 АСТИБО – ЖРК КУМАНОВО
18.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 19 бодови, Металург Автокоманда 15, Чаир 13, Куманово 5, Вардар 5, Астибо 0.
Ивона Кимовска





































