Синоќа се одиграа пет натпревари од квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка.

Големото дерби се одигра во Буенос Аирес каде актуелниот светски првак и домаќин Аргентина со 4-1 го победи Бразил. Победата „Гаучосите“ ја најавија по само 12 минути игра кога со погодоците на Јулијан Алварез и Енцо Фернандез веќе имаа два гола предност.

Голот на Матехус Куња 26.минута на кратко, ја врати надежта на Кариоките. Само 11 минути подоцна, Алексис Мек Алистер постигна гол за нова предност од два разлика. Победата на Аргентина ја потврди Џулијано Симеоне во 71. минута.

Тоа беше најтешкиот пораз на петкратните светски шампиони во квалификациите за СП. Воедно, првпат Аргентина го победи Бразил во двата меча од еден квалификациски циклус.

„Гаучосите“ кои се на врвот табелата и пред оваа рунда го потврдија своето учество на Мундијалот во 2026 година.

Резултати на останатите натпревари:
Чиле – Еквадор 0:0
Боливија – Уругвај 0:0
Колумбија – Парагвај 2:2
Венецуела – Перу 1:0