Со победите на Вардар и на Тиквеш на домашен терен стартуваа натпреварите од 22-то последно коло од ракометната Супер лига. Ракометарите на Вардар очекувано стигнаа до победата против аутсајдерот во дуелот тимот на Струга и постигнаа победа од 40:26. Најефикасни на натпререварот беа Горига и Марѓели со по 7 голови. Вардар со оваа победа го обезбеди најмалку второто место на табелата и во зависност од исходите на другите натпревари може да има и подобар пласман.

Нешто повеќе неизвесност имаше на дуелот во Кавадарци каде Тиквеш дури во вториот дел го „скрши“ отпорот на Борец Фриут Ленд совладувајќи го со 29:24, а на полувреме водеа велешани со 15:14. Најефикасен на натпреварот беше Коцев со 7 голови.

Натпреварите од 22-то коло ќе почнат со минута молк како знак за почит на жртвите од несреќата во Кочани.

Во тек е натпреварот меѓу скопските екипи Бутел и Пролет, а од 19:30 часот ќе стартува и натпреварот меѓу Прилеп и Еурофарм Пелистер.

Утре се играат последните два дуела: Радовиш – МРК Куманово (почеток 18 часот) и дербито на колото Алкалоид – Охрид (19 часот).