Македонските фудбалери пропуштија голема шанса да ја остварат и втората победа во квалификациите на Мундијалот 2026.

Беа блиску имаа водство од 1-0 со голот на Миовски во првата минута од судиското дополнение. Сепак, Велшаните во последните секунди успеаја да израмнат и да избегнат пораз.

Стрелецот на голот за Македонија, штипјанецот Бојан Миовски не можеше до крај да се израдува. Видливо беше разочарувањето на Миовски, по натпреварот за пропуштеното.