Супер интересна завршница нé очекува во четвртото издание на УЕФА Лигавата на Нации. Шпанија против Холандија и Германија против Португалија ќе играат во полуфиналето во Штутгарт и Минхен.

Ова е исходот по супер интересите реванш четвртфинални натпревари во кои единствено домаќинот Германија одигра 180 минути. Победата на првиот меч во Милано против Италија со 2-1 се покажа решавачки. Реваншот во Дортмунд заврши 3-3, а Германците ја завршија работата во првиот дел кој го добија со 3-0.

Селекцијата на Португалија мораше да одигра дополнителни 30 минути во дуелот со Данска. Првиот меч Данците го добија со 1-0 на домашен терен, а во реваншот загубија со 4-2. Тринкако со двата гола во 86.минута и во првата од продолжението, беше јунакот на „морепловците“.

Така на 4 јуни на „Алијанц Арената “ во Минхен, во првиот полуфинален меч ќе играат домаќинот Германија и Португалија.

Шпанија и Франција место во полуфиналето изборија по подоброто изведување на пенали во дуелите со Холандија и Хрватска.

Селекциите на Шпанија и Холандија повторно одиграа 2-2, на реваншот во Валенсија, како и на првиот дуел во Ротердам. Во пенал серијата Шпанците промашија 1, наспроти двете промашувања на Холанѓаните, па „црвената фурија“ се најде во полуфиналето.

А, уште по драматично беше на „Стад де Франс“ во Париз каде играат Франција и Хрватска. Првиот меч Хрватите го добија со 2-0, а со ист резултат во реваншот, регуларните 90.минути, им припаднаа на Триколорите.

Во пебал „рулетот“ се изведуваа дури по седум удари, а на крајот се радуваат Французите.

Така Шпанија и Франција „закажаа“ меѓусебен дуел на 5 јуни „МХП Арена“ во Штутгарт.

Дуелите за пласман ќе се играат на 8 јуни и тоа во Штутгарт оној за третото место, а во Минхен финалето.