Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди верува дека победничкиот менталитет во националниот тим ќе продолжи.

Пред дуелот со Лихтенштајн прв во Мундијалските квалификации, Барди не криеше дека целта на оваа генерација е учество на големото натпреварување.

Дуелот Лихтенштајн – Македонија што ќе се игра од 15 часот, е првиот во рамките од „Ј“ групата во која уште се селекциите на Белгија, Казахстан и Велс.

Токму против Велшаните напите фудбалери во вторник во Скопје ќе го играат вториот натпревар.