Најдобрата македонска фудбалска репрезентација, утре во Вадуц го почнува новиот циклус на квалификации овој на СП 2026-та година.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски за противник ќе ја имаат селекцијата на Лихтенштајн. Нашата селекција е во улога на фаворит која секако треба да се докаже на теренот.
Денеска македонските фудбалери од 15 часот ќе го одработат официјалниот тренингот на теренот на „Рајнпарк“, каде утре, во истиот термин, ќе се игра натпреварот со Лихтенштајн.
Македонската репрезентација на овој натпревар ќе настапи во темната комбинација на дресови, како знак на почит кон жртвите во кочанската трагедија.
Три дена подоцна (вторник), во Скопје, македонските фудбалери ќе го пречекаат Велс.
Покрај овие две репрезентации, противници на Македонија во групата „Ј“ ќе бидат Белгија и Казахстан.





































