Познатата пливачка и министерка за спорт на Зимбабве, Кирсти Ковентри е избрана за нова претседателка на Интернационалниот олимписки комитет. Таа ќе биде и првата жена, првата Африканка и најмладата личност на оваа позиција.
Ковентри го замени Германецот Томас Бах, кој беше претседател на ИОК од 2013 година.
Поранешната пливачка, освојувачка на два олимписки златни медали, стана првата жена, првата Африканка и најмладата личност на чело на МОК.
Претседателот на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации Себастијан Коу беше раниот фаворит за победа на изборите одржани во Грција. Сепак, Ковентри обезбеди апсолутно мнозинство во првиот круг од гласањето, победувајќи шест противници.
На Собранието на ИОК, Ковентри доби 49 од вкупно 97 гласови во првиот круг. Хуан Антонио Самаранч освои 28 гласа, Себастијан Коу осум, Моринари Ватанабе и Дејвид Лапартиен по четири, а Фајсал Ал Хусеин и Јохан Елиас по два гласа.
За време на изборната кампања, поранешата омимписка и светска шампионка во пливаље, вети дека ќе го модернизира МОК, ќе промовира одржливост и ќе ги зајакне спортистите. Таа стави посебен акцент на заштитата на женскиот спорт, поддржувајќи ја целосната забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат.
„Млада девојка која првпат почна да плива во Зимбабве пред многу години, никогаш не можеше да го сонува овој момент.
Особено сум горда што сум првата жена претседателка на ИОК, а исто така и прва од Африка.
Се надевам дека ова гласање ќе биде инспирација за многу луѓе. Стаклените тавани се скршени денес и јас сум целосно свесен за мојата одговорност како пример за улогата“, рече Ковентри по изборт.
Кирсти Ковентри освои седум од осумте олимписки медали на Зимбабве, вклучувајќи ги и златните на Игрите во 2004 и 2008 година на 200 метри грбно.
