Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија денеска треба да се собере во Скопје, пред стартот на Мундијалски8те квалификации.
Иако пракса е редовно на дневна основа да пристигнуваат информации за селекцијата, овојпат таа ќе биде редуцирана. Причината за тоа секако е страшната трагедија која го погоди Кочани и цела Македонија.
Во информацијата од ФФМ се вели.
Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски.
Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје.
Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти.
Инаку Македонија ја очекуваат два натпревар со Лихтенштајн во сабота на гости и три дена подоцна во Скопје со Велс.