Машката ракометна репрезентација на Македонија втор пат е поразен од селекцијата на Словенија.

Откако во Скопје, Славениците славеа со шест голови разлика, денеска во Копер победија со 11 разлика (38-27).

Натпреварот во Копер, започна со едноминутно молчење за жртвите во кочанската трагедија.

Со оваа победа Словенците го одржаа максималниот ефект и се први на табелата во групата 1 со осум бодови, а воедно уште отсега го обезбедија пласманот на ЕП. Литванија е второ пласирана со 6, Македонија остана трета со 2, а Естонија е последна без бод.

Шансата за пласман на Европското првенство 2026-та, Македонија ќе ја бара во последните два натпревари.

Во мај месец, прво ќе треба да ја совладаме Естонија на гостински терен, но и да чекаме победа на Словенија над Литванија. Во последното коло (11 мај) во Скопје ќе мора да ја победиме Литванија со три и повеќе голови разлика.