Во осмото коло од плеј-офот во женската Супер лига, Ѓорче го пречека тимот на Вардар. Ѓорче Петров убедливо го совлада Вардар со 29:21.

Домаќинките од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот, стекнувајќи убедливо водство од 9:1. Вардарки се обидуваа да ја намалат разликата, но Ѓорче успешно ја одржуваше предноста. Во 28-та минута гостинскиот тим успеа да се доближи на 14:8, но на полувреме Ѓорче замина со солидно водство од 15:9.

Ѓорче Петров во втората половина продолжи со истото темпо. Вардарки во 39-тата минута успеаја да намалат на 18:13. Ѓорче успешно ја одржуваше предноста и не дозволуваше да израмнат Вардар. Домаќинот повторно во 24-тата минута поведе со +8(27:19). Крајниот резултат беше 29:21.

Најефикасни од Ѓорче беа Дежиќ и Вранчиќ со шест погодоци, додека од Вардар Миленковска и Голабоска дадоа по четири гола.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 8.КОЛО

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР 29-21
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – КУМАНОВО 27-20
ЧАИР – АСТИБО 32:27

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 17 бодови, Чаир 13, Металург Автокоманда 13, Куманово 5, Вардар 3, Астибо 0.

Ивона Кимовска