Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во првото коло на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар. Таа и покрај водството од 1-0 во сетови го загуби мечот со 2-1 во сетови (4:6, 6:1, 6:4) од првата носителка на турнирото Аранча Рус од Холандија за два часа игра. Турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Лина дојде до водството по добриот почеток на мечот и првиот сет и припадна со 6:4 во гемови, но првата фаворитка на турнирот успеа да изедначи откако вториот сет го доби со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет ривалката имаше предност и на крајот успеа да стигне до победата откако го доби сетот со 6:4 во гемови.
Во текот на следната недела Лина Ѓорческа ја очекува настапот на турнир во словенечкиот град Марибор.