Пред најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија е стартот на новиот квалификациски циклус, овој за Светското првенство 2026 година.
Македонија ќе игра во Г групата, а во првите два натпревари за противници ќе ги има Лихтенштајн и Велс.
Селекторот Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за овие дуели. Без поголеми изненадувања, Милевски ќе се „потпре“ на веќе проверените сили.
Ново име е доскорешниот младински репрезентативец Лука Станковски, играчот на Раднички Крагуевац. Во составо се враќа и Агон Елези.

Првиот натпревар против Лихтенштајн црвено-жолтите ќе го играат на гостински терен (22 март – сабота) од 15 часот.
Три дена подоцна (25 март – вторник, 20.45 часот) на арената „Тодор Проевски“ ќе гостува Велс. Картите за овој натпревар може да се купат на онлајн платформата на ФФМ.