Екипата на ПСЖ е четвртиот тим што вечерва обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Францускиот првак по подоброто изведување на пенали го мина англискиот Ливерпул во осминафиналната рунда.

За разлика од првиот натпревар во Париз каде доминираше ПСЖ, на „Енфилд“ Ливерпул беше супериорен. Мохамед Салах во втората и петата минута имаше две големи шанси да го отвори резултатот. Во продолжението се заканија Ван Дајк и Мек Алистер, но и тоа не донесе резултат.

Затоа во првата конкретна акција на спротивната страна гол. Се играше 12-тата минута кога по брзата контра, Дембеле успеа да ја смести топката во мрежата на Алисон за водство на ПСЖ од 0-1.

Само пет минути подоцна се закани и Баркола, но Алисон беше успешен. Toa впрочем беше и играта на „светците“, кои создадоа уште неколку шанси, но и Ливерпул. Сепак на крајот на првиот дел резултатот остана не променет.

Во пенал „рулетот“ Донарума ги одбрани ударите Дарви и Џонс, а сите фудбалери на парижаните кои шутираа беа ефикасни (1-4).

Сега тимот на ПСЖ ќе го чека својот противник за четвртфиналето. Тоа ќе биде подобриот од дуелот Астон Вила – Клуб Бриж, закажан за утревечер. Во него англискиот тим ќе почне со предност од 3-1 остварена на првиот меч во Белгија.

Пласман понатаму обезбедија шпанската Барселона, како и Интер и Баерн Минхен тимови кои го формираат првиот четвртфинален пар.