Вториот натпревар меѓу Оклахома и Денвер заврши со победа на Нагетс кој се реваншира за поразот пред два дена. Гостите од Денвер славеа над теренот на најдобрата екипа во западната конференција со 140-127.
Никола Јокиќ беше исклучително мотивиран во дуелот со Шај Гилџеус-Александер кој е негов конкурент за признанието МВП. Србинот натпреварот го заврши со 35 поени, 18 скока, на кои додаде 8 асистенции. На спротивната страна Гилџеус-Александер подигна 25 поени. Така трката за најдобар играч во лигата меѓу овие двајца продолжува.
Поразот на ЛА Лејкерси на гостувањето кај Бруклин со 108-111.
Тешко играа гостите од Лос Анџелес без повредениот Леброн Џејмс. Иако Лука Дончиќ, оствари трипл-дабл тоа не беше доволно да се избегне поразот. Словенецот натпреварот го заврши со 22 поени и по 12 асистенции и скокови.
Резултати на останатите натпревари:
Атланта – Филаделфија 132:123
Бостон – Јута 114:108
Мајами – Шарлот 102:105
Торонто – Вашингтон 119:104
Чикаго Сан Антонио – Далас 129:133
Голден Стејт – Портланд 130:120
Сакраменто – Њујорк 104:133
Хјустон – Орландо 97:84
Мемфис – Феникс 120:118
– Индијана 121:103