Кошаркарите на Денвер ја совладаа Оклахома, за слатка „одмазда“ од поразот пред два дена. Во фoкусот беа Никола Јокиќ и Шаи Гилгеус-Александер кои се главните претенденти за признанието МВП.
Откако на првиот дуел Гилгеус-Александер постигна 40 поени, на вториот Јокиќ возврати со дабл-дабл ефект.
На тема МВП по натпреварот зборуваше и Никола Јокиќ.
„Ова ми е трета или четврта година по ред, па… Навистина не знам, не можам да го контролирам тоа.
Ќе кажам дека мислам дека ја играм најдобрата кошарка во мојот живот, ако е доволно, тогаш е доволно.
Ако не, тогаш тој го заслужува тоа. Тој е навистина неверојатен “, рече Јокиќ.