Веќе е вообичаено дуелите на Силекс и Вардар да минуваат со многу тензии. Исклучок не беа ниту последните два, оној во Купот во Скопје и вчерашниот првенствен во Кратово.

Во двата случаи кратовци имаа забелешки на судењето.

По вчерашниот во кој Вардар се спаси од пораз во 95.минута, дополнителни тензии имало во соблекувалната. Имено тренерот на Силекс, Александар Васоски поради неспортски однос и вербална расправија со службените лица, заработил црвен картон.

Тоа Васоски ќе го чини плати парична казна од 200 евра и суспензија од еден месец. Тоа значи дека Силекс на наредните три натпревари (АЛ Брера, Тиквеш и Воска спорт), ќе биде без својот прв тренер.