Фудбалерите на Работнички ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со Тиквеш и славеа триумф.
Во натпреварот одигран попладнево, а со кој е комплетирано 23.коло во ПМФЛ, екипата на Работнички славеше над Тиквеш со 1-0.
Долго време им требаше на „романтичарите“ да го скршат отпорот на кавадарчани. Тоа се случи во финишот на првиот дел кога беше направен пенал. Сигурен реализатор на најстрогата казана беше Србинот, Анес Рушевиќ.
Со оваа победа и новите бодови, Работнички остана на 4.место на табелата со ист број на бодови 44, како и трето пласираниот Гостивар. Пред нив се Силекс со еден повеќе и лидерот Шкендија која има пет бода повеќе. Тиквеш остана на 10-ттото место со 18 бодови колку имаат Воска спорт и Беса на двете последни позиции.
Сите голови од ова коло на едно место може да ги видите овде.