Евро голови и реми е исходот на натпреварот меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед. Со резултат од 1:1 заврши дуелот одигран на „Олд Трафорд“.

Натпреварот се одвиваше во бавен тек, но на крајот на првото полувреме со еврогол Бруно Фернандеш донесе водство за Манчестер Јунајтед од 1:0.

Во вториот дел Арсенал се разигра и сето тоа вроди плод кога Деклан Рајс во 74.та минута израмни на 1:1.

До крајот ниту една екипа не успеа да стигне до победа иако и двете екипи имаа свои шанси.

На табелата во Премиер Лигата Арсенал останува на втората позиција со 55 бода на 28 одиграни кола, дури 15 бода помалку од лидерот Ливерпул. Манчестер Јунајтед остануваат на 14-тата позиција со 34 бода.