Македонските ракометари во среда против Словенија ќе го имаат првиот настап пред домашната пу8блика по Светското првенство.
Салата „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета до последното место, а тоа ќе биде дополнителен мотив за македонските ракометари.
„Ќе играме на домашен терен, салата е распродадена, а за нас тоа е мотивација повеќе. Тоа го покажавме и претходните во натпреварите во квалификациите.
Македонија и народот верува во нас, во оваа млада и борбена екипа, а ние тоа го потврдивме со настапот на Светското првенството. Нам ни останува уште еднаш тоа да го потврдиме, да се бориме и да покаеме дека имаме иднина.
Сакаме и ќе одиме на победа на домашен терен против Словенија“, изјави капитенот Филип Кузмановски.
Дуелот од евро-квалификациите меѓу Македонија и Словенија ќе се игра во среда.