Во Првата македонска фудбалска лига попладнево на програмата пет натпревари. Еден од нив дербито во Кратово сеуште е во тек, бидејќи натпреварот полична со задоцнување од 30-тина минути.

Онаму каде веќе завршија натпреварите.

Лидерот на табелата тетовска Шкендија долго време се мачеше да го скрши отпорот на битолски Пелистер. Тоа се случи во 72.минута кога Бесарт Ибраими погоди за 1-0.

Најефикасно беше на Чаир, каде „поклоните“ од домашните фудбалери на Шкупи ги искористи екипата на Беса. Прво во киксот на голманот Денковски во 13-тата минута го искористи Шфити за водство на Беса од 0-1. Веќе во 29-тата беше 0-2, откако Лазаров си постигна автогол. Поклон и тоа пенал за домаќините во 32.минута кој го реализира Асана за 1-2. Фантастичен го од половина терен постигна Стојановски во 60-тата минута. Домашниот состав се врати во игра преку Рамани со голот во 78.минута намалувајќи на 2-3. Сепак Шкупи немаше сили да се спаси од пораз, па Беса освои важни три бода.

На „Борис Трајковски“ во Маџари, Гостивар едвај освои бод во дуелот со АП Брера.

Каланоски во 25.минута му донесе посредност на Гостивар, но во продолжението два гола на гостите од Струмица. Велков во 45-тата израмни на 1-1, а Ѓоргиевски со еврогол од слободен удар во 52.минута донесе водство од 1-2 за АП Брера. Гостиварци се спасија од пораз во 87.минута со голот на Ајдини од пенал.

Во последните минути беше решен и дуелот во Струга во кој шампионот Трим Лум со голот на Малески (88.минута) ја победи Воска со 1-0.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА