Поминаа 76 години од основањето на НБА, а она што синоќа го направи Никола Јокиќ во победата на Денвер против Феникс досега не е видено.

Денвер за малку ќе загубеше добиен натпревар против Феникс, но славеше по продолжение со 149-141. Никола Јокиќ спречи шок за домаќините со ефект со кој влезе во историјата на НБА лигата.

Српскиот центар го заврши натпреварот со 31 поен, 21 скок и 22 асистенции. Со тоа Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА со трипл-дабл со 30+ 20+ 20+ ефект.

Претходно, само Вилт Чембрлен и Расел Вестбрук имаа трипл-дабл учиноци со 20+ 20+ 20+. Сепак Јокиќ ги помести границите и стигна до она што за многу големи играчи било недостижно во кариерата.