Во првиот натпревар од 21.коло од Супер лигата вечерва во Куманово освојувачот на Купот на Македонија екипата на Алкалоид забележа победа со 41:27, полувреме 19:10. Со освој триумф Алкалоид повторно се врати на првата позиција на табелата со 38 бодови, откако ја забележаа 19.та првенствена победа.

Домашниот тим на МРК Куманово единственото водство го имаше на почетокот на натпреварот 1:0, а избраниците на Кирил Лзаров полека ја преземаа контролата над играта и резултатот. Првото двоцифрено водство гостите го имаа на почетокот на вториот дел кога поведоа со 21:11.

Најефикасен на дуелот беше Александар Петковски со 13 голови.

Другите натпревари од оваа рунда ќе се играат в сабота на 8.март.