Преку eticket.ffm.mk подгответе се за натпреварот во неколку чекори.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:

  1. Посетете ја платформата eticket.ffm.mk;
  2. Изберете натпревар;
  3. Одберете седиште;
  4. Извршете уплата;
  5. Преземете го дигиталниот билет; Со оваа платформа добивате: Безбедно и лесно купувањена билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.

Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поинакво фудбалско искуство.