Во Втората македонска фудбалска лига денеска ќе се играат натпреварите од 19-тото коло.
Откако во саботата Македонија Ѓорче Петров и Брегалница претрпеа порази, борбата за позициите што водат во прволигашкото друштво, станува се поинтересна.
Лидерот на табелата тимот на Македониjа ЃП го пречекува Новаци. Пред своите навивачи ќе играат и Брегалница и Арсими, екипи кои се на третото и четвртото место.
Второ рангираниот Башкими денеска и гостува на Беласица, а Саса Каменица која е четвртина ќе игра во Велес со Борец.
Сите натпревари почнуваат од 14 часот.
ВТОРА ЛИГА – 19 КОЛО
Вторник 14 часот
МАКЕДОНИЈА ГП – НОВАЦИ
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАРСКИ
БЕЛАСИЦА – БАШКИМИ
АРСИМИ – ПОБЕДА
БОРЕЦ – КАМЕНИЦА САСА
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ОСОГОВО
КОЖУФ – СКОПЈЕ
ОХРИД – ВАРДАР НЕГОТИНО
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 41 бод, Башкими 39, Брегалница 37, Арсими 33, Каменица Саса 31…