Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија (У21) ја очекуваат два контролни натпревари. Во рамките на ЕХФ неделата, македонските младинци ќе спарингуваат со соодветните репрезентациите на Полска и Алжир.

Пријателските натпревари ќе се играат во полскиот град Олецко. првиот против домашната селекција на Полска е закажан за 13 март, а ден подоцна ќе игра дуелот против Алжир.

Селекторот Радослав Стојановиќ го објави списокот ракометари на кои ќе смета за одвие натпревари.

Собирот е закажан на ден 10 март (понеделник) во 13 часот во хотел Карпош во Скопје.

Инаку овие натпревари треба да послужат за воигрување на репрезентацијата за настапот на младинскиот Светско првенство, што летово ќе се одржи во Полска.