Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа пет натпревари од 21.коло, а два од нив беа дерби дуели.
Во Скопје, Гостивар и Работнички одиграа без голови, а тоа го искористија фудбалерите на Силекс.
Кратовскиот тим со победата над Струга Трим Лум со 3-1, се врати на втората позиција на табелата.
Домашниот тим поведе со 2-0 со погодоците на Хрванивиќ (10.минута) и Усман (26), а гостите намалија преку Илиевски (40). Во вториот дел односно 52.минута Босанецот, Алиќ повторно им донесе предност на кратовци од два гола (3-1)
Со ист резултат 3-1 за домаќините завршија уште два натпревари.
На Чаир тимот на Шкупи со двата гола на Ибиши (44 и 69.минута) и погодокот на Ајетовиќ (75) го порази битолски Пелистер со 3-1. Голот за битолчани го постигна Ивановски од пенал во судиското дополнение.
Во Охрид до важни три бодат, во борбата за опстанок, стигаа фудбалерите Воска Спорт кои славеа над АП Брера со 3-1. Хрватот, Вилогорац во 5.минута го отвори резултатот, а интернационалецот од Гана, Осеи (54) зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Адеми во 67-мата минута. Почесниот гол за гостите го постигна Габонецот, Фахд Нџенгуе во 86-тата минута.
Лидерот на табелата тетовска Шкендија славеше во дуелот со кавадаречки Тиквеш со 1-0. Нигериецот, Адаму Алхасан во 35.минута беше стрелец на единствениот гол на натпреварот.
Потсетување вчера во првиот натпревар од ова коло Вардар и Беса одиграа без голови 0-0.
Шкендија е лидер на табелата, сега со 46 бодови, а силекс кој се врати на второто место има 41, како и трето рангираниот Работнички. Гостивар е четврти со бод помалку.
Воска направи скок од три места и сега е деветта, пред Вардар, Тиквеш и Беса.
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА