Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас игра како препороден во Италија. По сагата која ја имаше во Бундес лигата, Елмас се врати во препознатливата форма во Серија А.
Токму Македонецот, беше еден од најзаслужните за победата на Торино против Монца со 1-0, на гостински терен, во дуелот од 27-мото коло.
Токму Елмас во 41.минута беше стрелец на водечкиот гол за популарните „бикови“. Ова е втор гол за македонскиот репрезентативец во дресот на Торино.
Во 66.минута, Чезаре Касадеј зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат на натпреварот.
Со оваа победа и трите освоени бодови, а вкупно 34 екипата на Торино е на 11.место на табелата.