Фудбалерите на Барселона забележаа нова победа со која се вратија на врбот на табелата во шпанската ла Лига.
Барса на дуелот од 26.коло одигран пред својата публика, го совада Сосиедад убедливо со 4-0.
Работата на домашниот тим им ја олесни гостинскиот играч Елустондо кој во 17.минута заработи директен црвен картон. Тоа каталонскиот тим знаеше да го искористи и да стигне до нова победа.
Мартин и Касадо во првото полувреме набрзина (25 и 29.минута) постигнаа два гола. Во вториот дел (56) Араухо и Левандовски (60) се запишаа во листата на стрелци.
Барса сега има 57 бодови, еден повеќе од второ пласираниот Атлетико, а три од Реал кој е трет.