Воведниот натпревар од 7.коло кај во женската ракометна Супер лига, донесе интересен дерби дуел меѓу Вардар и Металург. Во натпревар исполнет со драма и неизвесност до самиот крај, Металург успеа да слави со 32:30.
Натпреварот започна израмнето, при што двете екипи се менуваа во водство се до 10-тата минута, кога Вардар поведе со 6:4. Сепак, Металург брзо возврати со серија од 4-0, најпрво израмнувајќи, а потоа и преземајќи водство со 8:6. Вардарки не дозволија противникот да се одлепи и повторно израмнија на 8:8. Во продолжение, Металург неколку пати успеваше да создаде минимална предност, но домашната екипа секогаш наоѓаше начин да израмни. На полувреме, Металург замина со тесно водство од 13:12.
Второто полувреме донесе слично темпо на игра, со тоа што Металург постојано ја одржуваше минималната предност, но не успеваше да ја зголеми значително. Во 44-тата минута, гостинската екипа првпат стигна до повисока разлика, поведувајќи со 24:20. Во следните минути, Металург ја контролираше играта, одржувајќи ја разликата, но Вардарки не се предаваа.
Со серија од 4-0, домашните успеаја да се доближат на само еден гол разлика (30:29), внесувајќи неизвесност во завршницата. Сепак, Металург преку седмерец зголеми на 32:30, а Вардарки имаа можност да намалат, но не реализираа. Со тоа, конечниот резултат остана 32:30 во корист на гостинската екипа.
Најефикасна од Металург Автокоманда беше Трпеска Анастасија со осум погодоци, додека од Вардар Миленковска постигна десет гола.
За денеска закажан е и натпреварот во Куманово каде гостува Чаир, а утре во Штип ќе гостува шампионот Ѓорче Петров.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 6.КОЛО
Сабота 1 март
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 30-32
18.00 КУМАНОВО – ЧАИР
Недела 2 март
12.00 АСТИБО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 13 бодови, Металург Автокоманда 11, Чаир 9, Куманово 5, Вардар 4, Астибо 0.
Ивона Кимовска