Поради реконструкцијата на теренот на националната арена Тодор Проевски во Скопје, а пред натпреварот Македонија – Велс во Мундијалските квалификации, првиот меч од 21.коло во ПМФЛ ќе се игра утре.

Во него Вардар ќе го пречека тимот на Беса во директна битка на екипите што се борат за опстанок. Натпреварот ќе почне од 14 часот, термин во кој во недела ќе се играат и останатите дуели.

Два дерби дуели носи оваа рунда, првиот меѓу Гостивар и Работнички кои се на второто и третото место на табелата.

Вториот ќе се игра во Кратово, каде Силекс е домаќин на актуелниот шампион Струга ТЛ, екипи кои се на четвртото и петтото место на првенствената табела.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА