На последниот дуел од 20.коло од Супер лигата ракометарите на Прилеп остварија минимална победа од 24:23 во дуелот со Струга и се пробија на седмото место на табелата (прво за екипите кои ќе играат во плеј аут лигата). Голот за победа прилепчани го постигнаа на 30 секунди до крајот на дуелот, а стрелец беше Божидар Илиески. Со денешната победа прилепчани имаат 16 бодови или два повеќе од Пролет.
Сигурни победи на домашен терен постигнаа екипите кои ќе играат во плеј офот Охрид и Бутел. Охриѓани убедливо го совладаа составот на МРК Куманово со 38:20, додека Бутел предводен од голманот Блажевски кој имаше 17 одбрани го совлада тимот на Фриут Ленд Борец со 35:27.
Во најавата на денешната програма Вардар го победи Тиквеш со 39:27, додека вчера Алкалоид славеше во дуелот со Пролет 35:26.
Утре од 13 часот се игра последниот дуел од оваа рунда во Битола, каде Радовиш ја има улогата на домаќин на Еурофарм Пелистер.
Табела: Алкалоид 36 бодови, Вардар 36, Еурофарм Пелистер 34 (натпревар помалку), Охрид 30, Тиквеш 22, Бутел 20, Прилеп 16, Пролет 15, МРК Куманово 10, Борец 7, Струга 6, Радовиш 4.