Екипите на Џирона и Селта Виго одиграа интересен натпревар во кој гостите во два наврат водеа, но Џирона успеваше да израмни (2-2).

Македонскиот репрезентативец беше меѓу стартерите на овој дуел од 26.коло, а на теренот мина 68 минути.

За жал Миовски не се впиша во стрелците за својот тим. Головите за Џирона ги постигнаа Циганков (21.минута) и Херера (68). Стрелец за Селта беа Лоседа (36) и Алонсо (51).

Тимот на Џирона иако освои само еден бод, направи скок од три позиции и сега е десетта на табелата со 32 бодови, колку што имаат Севиља и Осасуна. Пред нив е Селта Виго со бод повеќе (33)

Standings provided by Sofascore