Дека теренот „Бенито Виљамарин“ во Севиља, честопати бил тежок за мадридски Реал, тоа се потврди и вечерва.

Во дуелот од 26.коло на Ла Лига, екипата на Бетис со пресврт го победи Реал со 2-1.

Иако се почна одлично за „кралскиот тим“ кој поведе во 10.минута преку Диаз, во продолжението домашниот тим покажа карактер.

Во 34-тата минута Кардосо израмни на 1-1, што беше и резултат по првиот дел. Во второто полувреме, односно 54.минута, Ридигер одзади го собори Родригез во шеснаесетникот на Реал по што беше досуден пенал за домашниот тим. Иско погоди од белата точка за 2:1 за Бетис.

Реал со сите сили се трудеше да ја анулира негативата, но не успеа во тоа, па мораше да се помири со третиот пораз сезонава.

На оваа победа на Бетис се радуваа и ривалите на Реал, екипите на Барселона и Атлетико Мадрид.

Барса останува лидер со 54 бодови колку има и Реал, а еден помалку има Атлетико Мадрид.

Барселона утре ќе го пречека Сосиедад, а Атлетико вечерва игра со четврто пласираниот Атлетик Билбао.