Ракометната Федерација на Македонија ги објави цените за влезниците за натпреварот Македонија – Словенија.

По сума од 200 и 300 денари ќе се продаваат картите за следниот натпревар на македонските ракометари против Словенците.

Тоа ќе биде меч во рамките од квалификациите за ЕП 2026. што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“. Натпреварот ќе се игра на 12 март (среда), со почеток во 20 часот.

Продажбата за натпреварот во Скопје, започнува во понеделник на 3 март, а ќе се одвива „online“ на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ). Влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Реванш натпреварот Словенија и Македонија ќе го играта три дена подоцна (15 март).