Познати се четирите екипи што ќе играат во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Ова откако попладнево беа одиграни натпреварите од четвртфиналето. По нив тимовите на Вардар, Струга ТЛ, Шкендија и АП Брера изборија место во следната рунда.

Во дербито на оваа, на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Вардар го победи Силекс со 1-0. Во првиот дел двата тима повеќе размислуваа за својот отколку за противничкиот гол. НЕшто по офанзивен беше Вардар, но ефект немаше, па на одмор се замина со почетните 0-0.

Вардар продолжи со теренската иницијатива и во вториот дел. Тоа беше крунисано со ефектниот гол во 67-минута, а стрелец беше Камерунецот, Данел Донгмо.

Тетовска Шкендија славеше на гостувањето кај Детонит Плачковица со 1-0. Гостите поведоа со голот на Шаља во 22-та минута. Само пет минути подоцна гостите имаа шанса за втор гол, но не реализираа пенал. Резултатот остана не променет до крајот на натпреварот, па тетовци се најдоа меѓу четирите најдобри.

Во дуелот на двете прволигашки екипи, актуелниот шампион Струга Трим Лум го победи Гостивар со 1-0. Единствениот гол го постигна Нигериецот, Кехинде и тоа благодарение на кардинална грешка на гостинскиот голман.

На натпреварот во Струмица каде АК Брера го пречека второлигашот Арсими победија домаќините со 5-4 по подобро изведување на пенали . Интернационалецот од Габон, Фахд Нзенгуе во 16.минута го отвори резултатот. Домашниот состав се обидуваше да стигне до втор гол, но сето тоа беше јалово. Затоа стигна казна во 78.минута, а гостите по брзата контра израмнија на 1-1. Тоа беше и актуелен резултат по 90-те минути, по што се изведуваа пенали. Во пенал „рулетот“ поефикасни беа струмичани кој на крајот славеа со конечни 4-3.

Во полуфиналето ќе се играат по два натпревари, првиот на 2 април, а реваншот седум дена подоцна (9 април). Претходно со ждрепка ќе бидат одредени двојките.