Фудбалерите на Интер Мајами се пласираа во осминафиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ. Ова откако во реваншот го совладаа Канзас Сити со 3-1.
Лионел Меси уште еднаш беше клучниот играч на натпреварот, бидејќи се се вртеше околу него во играта на тимот од Флорида.
Токму Меси во 19.минута со ефектен гол го отвори резултатот.
Во продолжението во листата на стрелци се запишаа Аљенде и Суарез за убедливи 3-0. Голт за Канзас го постигна Родригез.
Интер Мајами во осминафиналето ќе игра против екипата на Кавалиер од Јамајка. Првиот натпревар е закажан за 5 март, а реваншот ќе се одигра седум дена подоцна.