Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, во втората половина на март месеч, го почнува циклусот квалификации за Светското првенство 2026-та.

На 22 и 25 март, Макеоднија ќе игра против Лихтенштајн на гостински и Велс на домашен терен.

ФФМ веќе ги објави цените за првиот домашен натпревар, а за гостинскиот во Вадуц, картите се веќе пуштени во продажба.

Картите за овој натпревар може да се купат преку платформата на Фудбалската федерација на Лихтенштајн: www.heimspiel.li

Поддржувачите на македонската репрезентација можат да купуваат билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи (вкупно 1.232 места) по цена од 15 швајцарски франци.

Билетите од прва категорија (вкупно 200 за македонски навивачи) чинат 35 швајцарски франци.