Реал Мадрид дојде до рутински триумф од 2:0 против Џирона. На денешниот натпревар македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ги одигра последните 15 за гостибската екипа.

Џирона се покажа како „тврд орев” за „кралевите” бидејќи резултатот не е права слика на натпреварот. Џирона одолеа на скоро секој налет на Реал но неможеше во 41.та минута да го спречи „евро-голот” на Лука Модриќ за 1:0.

Во второто полувреме конечните 2:0 ги постави Винисиус Џуниор кој по асистенција на Мбапе во 83.та минута постигна гол. Бојан Миовски по пауза од два месеци влезе во игра во 75.та минута.

Реал Мадрид е на втората позиција во Ла Лига со 54 бода на 25 натпревари идентично како и лидерот Барселона. Џирона со 31 бод се наоѓа на 12.та позиција.