Прволигашката фудбалска конкуренција денеска нуди пет натпревари. Дербито ќе се игра во Тетово каде Шкендија ќе го пречека Силекс.
Тоа е дуел на двете прво пласирани екипи на табелата. Тетовци пролетниот дел од сезоната го почнаа со гостинска победа кај Вардар, а Силекс пред своите симпатизери одигра нерешено со Тиквеш. Избраниците на Васовски ќе имаат тешка задача да ја сочуваат позицијата број 2. Имено кратовци ќе се борат и против традицијата, која вели дека во Тетово немаат остварено победа дури од 2007-та година. На последните четири меѓусебни натпревари тетовци славеа три победи, вклучително и онаа со 6-1 минатата сезона. Последниот дуел одигран во Кратово заврши без голови.
Исходот од овој натпревар ќе го очекуваат фудбалерите на Гостивар и Работнички.
Гостиварци кои имаат ист број на бодови како и Силекс, а два помалку од Шкендија, денеска гостуваат на последно пласираната Воска. Работнички пак заостанува бод, односно три зад овие три екипи. И „Романтичарите“ би требало да имаат полесна задача бидејќи ја пречекуваат претпоследно рангираната екипа на Воска спорт.
На останатите два натпревари. Во Кавадарци, Тиквеш се среќава со Пелистер, а во Струмица, АП Брера е домаќин на Шкупи.
Сите натпревари ќе полнат во 14 часот, а може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА