Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов продолжува со олилните настапи во полското фудбалско првенство.

Чурчинов денеска повторно постигна гол за својата екипа Јагјелонија која на гостувањето кај Краковија одигра без победник 2-2.

Токму Македонецот го отвори резултатот кога во 34.минута му донесе предност на својот тим. Иако неговата екипа имаше и два гола предност не успеа да стигне до трите бодови.

За Чурлинов тоа беше четврти гол сезонава во полското првенство, а вкупно петти во дресот на Јагјелонија