Последниот натпревар од 6.коло од плеј-офот во женската ракометна Супер лига, воедно беше и дерби на колото. Во интересен и возбудлив дуел Ѓорче Петров го победи Чаир на гостински терен.

Чаичанките се трудеа и вложија голем напор, но не доволно за да го совладаат шампонот. Ѓорче успеа да ја задржи предноста и на крајот славеше со резултат 32:30.

Ѓорче влезе мотивирано во натпреварот и уште од почетокот направи впечатлив старт, поведувајќи со 4:0. Чаир успеа да намали на 7:4 во 11-та минута, но Ѓорче не застана и продолжи да ја зголемува предноста. Во 23-та минута, тимот на Ѓорче веќе имаше предност од 5 гола (15:10). На полувреме, тие заминаа со водство од 19:14.

Во втората половина, Ѓорче ја одржа својата доминација. Со серија од 3:0 ја зголемија предноста на 23:17. Чаир се обиде да се врати во игра и во 41-та минута успеа да намали на 25:22, но домашната екипа не успеа да ја израмни. Ѓорче продолжи да ја одржува контролата и ја задржа својата предност до крајот на натпреварот. Крајниот резултат беше 32:30.

Најефикасна од победничката екипа беше Дежиќ Ивана со 17 погодоци, додека од Чаир Гулицоска даде 12 гола.

Со максимални шест победи Ѓорче Петров е убедливо прв на табелата, пред Чаир и Металург кои заостануваат по четити бода.

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 13 бодови, Чаир 9, Металург Автокоманда 9, Куманово 5, Вардар 4, Астибо 0.

Ивона Кимовска