Второлигашката кошаркарска конкуренција викендов ги носи натпреварите од 15-тото коло.
Иако од федерацијата имаше најави за можни суспензии на неколку екипи (не помирени долгови), сепак, денеска и утре ќе се одиграат по три натпревари (сите).
Програмата ќе ја отворат Бутел и Работнички, по што во СЦ „Кале“, велешки Борец како домаќин го пречекува МЗТ Скопје УБ. Денешната програма ќе ја заокружат второ пласираниот Маџари и Струмица ФМП која е последна на табелата.
Условно речено дербито на колото ќе се игра утре во Кисела Вода каде трето рангираниот тим на Ангели го пречекува Црн Дрим кој е петти на табелата. Водечкиот состав на Соколи од Штип гостува кај Охрид, а во Прилеп, Мега баскет е домаќин на Водно Санс.
Сите натпревари може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
Сабота 22 февруари
13.30 БУТЕЛ – РАБОТНИЧКИ 2018
18.30 БОРЕЦ БАСКЕТ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
19.00 МАЏАРИ – СТРУМИЦА ФМП
Недела 23 февруари
16.00 АНГЕЛИ – ЦРН ДРИМ
19.00 ОХРИД – СОКОЛИ
20.30 МЕГА БАСКЕТ – ВОДНО САНС
ТАБЕЛА: Соколи 26 бодови, Маџари 25, Ангели 25, Борец баскет 23, Црн Дрим 23, МЗТ Скопје У.Б. 21, Бутел 20, Охрид 19, Мега баскет 19, Водно Санс 18, Работнички 2018 16, Струмица ФМП 15.