Фудбалерите на Вардар стигнаа до важни три бода на тешкото гостување во Струга. Во воведниот натпревар од 20.коло на ПМФЛ, Вардар го победи шампонот Струга ТЛ со 2-0.
Првата посериозна шанса ја имаа вардарци во 12-тата минута. Обидот на Спахиу од далечина да го изненади домашниот голман, заврши со прекрасна интервенција на Ќосевски. На спротивната страна во 23.минута Шабани изби сам пред вардаровиот голман Талески кој одлично интервенираше.
Првото возбудување во вториот дел го видовме во 55.мунута кога волејот на Радевски, голманот Талески го скроти. Вардар беше решен да стигне до трите бода. Напаѓаа избраниците на Седлоски, а тоа вроди со плод во 66-тата минута. По центаршутот од левата страна, домашната одбрана заборави на капитенот Закариќ кој му донесе водство на Вардар. На вториот гол се чекаше до 81.минута кога Сенегалецот, Фаустин Сенгор на ефектен начин зголеми на 2-0.
Останатите пет натпревари од ова коло ќе се играат утре (14 часот), а дербито е во Тетово каде се среќаваат двете првопласирани екипи Шкендија и Силекс.
ПРВА ЛИГА 20.КОЛО
Сабота
СТРУГА ТЛ – ВАРДАР 0-2
Недела 14 часот
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
АП БРЕРА – ШКУПИ
БЕСА – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР