Дваесеттата рунда е на програмата викендов во Првата македонска фудбалска лига. Таа ќе биде отворена со натпреварот што ќе се игра попладнево во Струга.
Актуелниот шампион тимот на Струга Трим Лум го пречекува скопски Вардар. Трите бода се императив за двете екипи кои се различни страни од табелата.
Стружани по поразот од Гостивар во минатото коло го губат чекорот со екипите што се борат за излез на европската сцена, па и титулата. Поразот од Шкендија беше трет во последните пет првенствени натпревари за вардарци по кој се на последната позиција на табелата.
Само победа може да ја врати атмосферата во двата табора и надежта за остварување на целта, каква и да е.
Дуелот во Струга што ќе се игра попладнево ќе почне од 14 часот, термин во кој утре ќе стартуваат останатите пет натпревари.
Дербито на ова коло ќе се игра во Тетово, каде лидерот на табелата Шкендија ќе го пречека второ пласираниот Силекс.
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА