Ракометните суперлигаши на програмата го имаат 19.коло, а денеска на програмата се пет натпревари, додека дербито меѓу првакот Еурофарм Пелистер и победникот на купот се игра во понеделник во Битола. Алкалоид е лидер на табелата, а оваа година оствари и две победи против шампионот (во првенството во Скопје 32:25 и во Супер купот во Гевгелија 33:30).
Денешната програма стартува со дуелот во Струга меѓу истоимената домашна екипа и Бутел. Домашните бркаат што подобра позиција за плеј-аутот, додека гостите ќе треба да ја потврдат фаворитската улога. Почетокот на натпреварот е во 14 часот.
Три натпревари почнуваат во 18 часот.
Најинтересно се очекува да биде во Велес во борбата на двете екипи кои се борат за подобра позиција во плеј-аутот Борец Фруит Ленд е домаќин на Радовиш. Ривалството на двата клуба треба да донесе интересен натпревар. Во Кавадарци Тиквеш ја пречекува екипата на Прилеп и е апсолутен фаворит, додека Пролет е домаќин на Охрид. Последниот натпревар попладнево е дуелот меѓу МРК Куманово и Вардар, каде поранешниот европски првак треба да „запише“ нови два бода.
СУПЕР ЛИГА – 19.КОЛО
сабота 22 февруари
СТРУГА – БУТЕЛ (почеток 14 часот)
ПРОЛЕТ – ОХРИД (почеток 18 часот)
ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ – РАДОВИШ (почеток 18 часот)
ТИКВЕШ – ПРИЛЕП (почеток 18 часот)
МРК КУМАНОВО – ВАРДАР (почеток 18:30 часот)
понеделник 24 февруари
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД (почеток 18 часот)
ТАБЕЛА: Алкалоид 34 бодови, Е.Пелистер 32, Вардар 32, Охрид 27, Тиквеш 20, Бутел 18, Пролет 14, Прилеп 14, МРК Куманово 10, Фруит Ленд Борец 6, Струга 6, Радовиш 3.
Сите натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.